„Тетекс - Јарн“ официјално отиде во стечај

Bez autora
Jul 13 2011

Тоа што неколку месеци се најавуваше и официјално се случи. Во Основниот суд во Тетово се одржа рочиште на кое се разгледуваше предлогот за отворање стечајна постапка за „Тетекс - Јарн“ - друштво со ограничена одговорност. Решението за стечајна постапка го донесе судијата Ивица Николовски по произнесувањето на предлагачот Зоран Ангелковски и привремениот стечаен управник Агрон Арифи. На рочиштето беше разгледан и извештајот на стечајниот управник за економско-финансиската состојба на должникот „Тетекс - Јарн“. Од анализата на предложените докази беше утврдено дека предлогот за стечај е основан, а стечајната постапка започнува истиот ден. Со тоа, 210 работници останаа без работа, а натамошните права од работен однос ќе мора да ги бараат во Агенцијата за вработување. Судот утврди и рок од 30 дена за повикување на доверителите да ги прикажат своите побарувања. Неофицијално, се дознава дека „Тетекс - Јарн“ должи околу 2 милиона евра, во кои влегуваат и шесте неисплатени плати на работниците.

„Тетекс - Јарн“ официјално отиде во стечајТоа што неколку месеци се најавуваше и официјално се случи. Во Основниот суд во Тетово се одржа рочиште на кое се разгледуваше предлогот за отворање стечајна постапка за „Тетекс - Јарн“ - друштво со ограничена одговорност.

Решението за стечајна постапка го донесе судијата Ивица Николовски по произнесувањето на предлагачот Зоран Ангелковски и привремениот стечаен управник Агрон Арифи. На рочиштето беше разгледан и извештајот на стечајниот управник за економско-финансиската состојба на должникот „Тетекс - Јарн“. Од анализата на предложените докази беше утврдено дека предлогот за стечај е основан, а стечајната постапка започнува истиот ден. Со тоа, 210 работници останаа без работа, а натамошните права од работен однос ќе мора да ги бараат во Агенцијата за вработување.

Судот утврди и рок од 30 дена за повикување на доверителите да ги прикажат своите побарувања.

Неофицијално, се дознава дека „Тетекс - Јарн“ должи околу 2 милиона евра, во кои влегуваат и шесте неисплатени плати на работниците. Според стечајниот управител Агрон Арифи, допрва ќе се утврдуваат официјалните долгови и побарувања. Арифи извести дека на денот на отворањето на стечајната постапка, жиро-сметката на „Тетекс - Јарн“ била сосема празна. Работниците на „Тетекс - Јарн“ во неколку наврати протестираа пред работните простории на претпријатието поради неисплатените плати и затворањето на производните капацитети.

Нивниот застапник, адвокатот од Тетово, Јован Јовановски, информираше дека во случајот со „Тетекс - Јарн“ очигледни биле неправилностите во работењето и дека одделни раководители се осомничени за неколку кривични дела. Јовановски најави седум судски постапки во врска со случувањата во ова претпријатие формирано во 2007 година, со здружување средства и работна сила на комбинатот „Тетекс“ и две норвешки фирми „Сандес улдваре арбик“ и „Виго Ериксен холдинг“, со почетен капитал од 1.050.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik